Реклама

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Ахмети нарачуваат, нивните инсталации во правосудството испорачуваа и од кривична одговорност ги спасуваат

Судството повторно покажа дека служи како штит за политичките моќници од СДСM…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судството повторно покажа дека служи како штит за политичките моќници од СДСM и ДУИ. Судиите на Венко Филипче и Али Ахмети повторно одработија за спас и одбрана на нивните наредбодавци, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Само после неколку месеци откако обвинителот Ислам Абази го затвори случајот за набавката на модуларните болници со што Филипче го спаси од одговорност, сега и судијата Африм Фидани ги ослободи поранешните директори на тетовска болница, Артан Етеми и Флорин Бесими, за трагедијата во која животот го загубија 14 наши сограѓани.

Ова отвора сериозни прашања за функционирањето на правосудниот систем и за еднаквоста пред законите, штета има, жртви има, а виновни нема.

Реклама

Како е можно за пожар во кој загинаа 14 луѓе виновен да биде кабелот и да нема соодветна кривична одговорност за најодговорните лица од тој период, како што се тогашните директори на болницата и тогашниот министер за здравство, Венко Филипче?

Како е можно да не се испита одговорноста на сите надлежни лица во синџирот на одлучување и управување, Филипче како најодговорен воопшто да не биде повикан на разговор, а од друга страна да се ослободуваат и Бесими и Етеми.

Дали во Македонија правдата зависи од партиската блискост и политичките врски, а блиските до Филипче и Ахмети имаат привилегија да бидат над законот?

За 14-те загубени животи правда и одговорност мора да има, Македонија не смее да биде држава во која политичките врски се посилни од правдата.