Реклама

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Прес-релис

ВЛТ навива: Вардар го доби вечното дерби со Пелистер

Видеолотарија и  навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните, кои вчера…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Видеолотарија и  навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните, кои вчера славеа со убедливи 31:23 и ја продолжија победничката серија во домашното првенство.

Вардар е победник во првото сезонско вечно ракометно дерби! Пред исполнетите трибини во СЦ „Јане Сандански“, црвено-црните го совладаа големиот ривал Еурофарм Пелистер со убедливи 31:23, во натпреварот од деветтото коло на македонската Суперлига.

Во атмосфера достојна за најголемото македонско ракометно ривалство, Вардар покажа карактер, тимска сила и победнички менталитет. Иако првото полувреме донесе неизвесна борба и предност од 15:12 за домаќините, во продолжението избраниците на Иван Чупиќ ја презедоа целосната контрола врз играта.

Реклама

Клучниот момент дојде во второто полувреме, кога со цврста одбрана, сигурни интервенции на голманите и ефикасен напад, Вардар ја зголемуваше предноста и не му остави простор на противникот за пресврт.

Леон Љевар со седум погодоци беше најефикасен во победничкиот состав, додека Жоао Педро да Силва постигна шест гола. Со овој триумф Вардар ја забележа деветтата победа во девет натпревари и останува единствената екипа со максимален учинок во домашното првенство.