Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Балкан

„Студентска листа“ го открива планот за првите 100 дена

Новата влада на „Студентската листа“ во првите 30 дена најавува стабилен курс…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новата влада на „Студентската листа“ во првите 30 дена најавува стабилен курс на динарот, навремени плати и пензии, како и сигурно снабдување со енергенси.

Во фокусот се и клучните разговори со САД за санкциите кон нафтената индустрија на Србија и со Русија за снабдувањето со гас, изјави за неделникот „НИН“ академик Радомир Саичиќ, член на Српската академија на науките и уметностите и претставник на „Студентската листа“.

Наведувајќи ги приоритетите, Саичиќ најави донесување на буџетот за 2027 година, ревизија на големите јавни проекти и нивно обелоденување во првите 100 дена. Исто така, најавени се длабоки реформи и професионализација на државните институции преку јавни конкурси, построг надзор против корупцијата и враќање на незаконски стекнатиот имот.

Реклама

Посебен акцент е ставен на ефикасна истрага и утврдување одговорност за трагедијата во Нови Сад, како и на долгорочен развој на економијата, заснована на знаење, со помош на експерти од дијаспората.

Саичиќ изјави дека составот на новата влада веќе се разгледува и таа ќе понуди опсежна програма од над 1.200 страници, со цел целосно обновување на институциите и владеење на правото.