Советот на Централната банка на Црна Гора денеска донесе одлука за одземање на одобрението за давање платежни услуги на „Алта пеј груп“ – Подгорица, откако утврдил дека компанијата повеќе не ги исполнува законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност.
Од Централната банка на Црна Гора посебно нагласуваат дека „Алта пеј груп“ не е банка и не прима депозити од граѓани и компании.
Оттаму уверуваат дека одлуката нема да ја загрози финансиската стабилност на земјата, ниту редовното функционирање на платниот систем. Регулаторот соопшти дека навремено презел мерки за уредно исполнување на обврските на компанијата и заштита на интересите на нејзините корисници.

