Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е подготвен за директна средба со рускиот колега, Владимир Путин, во Турција, со посредство на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
Во интервју за „Си-Ен-Ен Турк“, Зеленски нагласи дека се неопходни разговори лице в лице со човекот кој ги носи одлуките, бидејќи досегашните преговори меѓу делегациите не успеале да ја запрат војната. Како главни теми на евентуалната средба, тој ги посочи прекинот на огнот, безбедносните гаранции за Украина, обновата на земјата и статусот на окупираните територии, при што строго ги отфрли барањата за отстапување на Донбас или признавање на Крим како руски. Осврнувајќи се на можниот самит на Г-20 во декември во Мајами, Зеленски изјави дека Киев сè уште нема добиено официјална покана, но дека ќе ја прифати доколку таа стигне од американскиот претседател Доналд Трамп.
Воедно, украинскиот претседател порача дека за судбината на земјата не може и не смее да се одлучува без учество на Украина, додавајќи дека по пет години војна, Русија не успеала да ги оствари своите цели.

