Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Македонија

Стопанската комора ќе им помага на Зелениково и Чучер-Сандево да го развијат бизнис секторот, руралниот туризам во фокусот

Со помош на Фондот за иновации, владиниот сектор и расположливите европски фондови,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со помош на Фондот за иновации, владиниот сектор и расположливите европски фондови, Стопанската комора ќе им помага на општините Зелениково и Чучер-Сандево да ги подобрат своите бизнис перформанси. Развој на алтернативниот, рурален туризам и формирање заедничка бизнис заедница за двете општини, се само некои од чекорите во оваа насока.

Како што изјави денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески по работниот состанок со градоначалниците Зоран Бајовски и Коста Маневски, директорката на ИНОВА, Даниела Димовска и Драганчо Апостоловски, државен советник во Министерството за надворешни работи и и надворешна трговија, Зелениково и Чучер-Сандево потоа ќе бидат вид пилот проекти за развој и на другите помали општини кои немаат доволно капацитети да направат исчекор напред.

-Ние уште пред неколку месеци стапивме во контакт со Чучер-Сандево и Зелениковои како партнери, се обидуваме да им помогнеме да го развијат бизнис секторот на нивните територии. Сакаме да формираме заедничка бизнис заедница за двете општини. Ќе се фокусираме на проектни активности кои ќе ја подобрат инфраструктурата, комуникацијата со европските институции за фондовите, комуникацијата со другите локални заедници, комуникацијата со Фондот за иновации и невладиниот сектор, за да дојдеме до рапидно подобрување на капацитетот на општините што сега е во многу независна позиција, изјави Азески по состоанокот.

Реклама
Да се почитуваат 100-процентно одредбите од законодавната природа кои се во моментов на располагање и да се употребат сите, енергично и брзо, за да не дојде до никакво нарушување и да се зашт

Според него, во Чучер-Сандево засега се евидентирани околу 90 компании, а веќе ќе се мапираат и фирмите во Зелениково. Сите би биле дел одСкопската стопанска комора.

-Двете општини имаат површина и субјекти што не се за занемарување. Се разговара за развој на алтернативен туризам на Скопска Црна Гора која се наоѓа на 15-тина километри од центарот на Скопје и која на туристите во лето ќе им помуди опција повеќе. И со Општина Зелениково сме во преговори за алтернативниот туризам на една локална зона, за локален економски развој, за која имаме и локација и законско решение, а исто така има и локација за градење филмски град. На овој начин ќе им помагаме да се консолидира бизнис заедницата на нивните територии, да дојде до иновативни решенија кои ќе ги поддржи Фондот за иновации, а на бизнисмените ќе им се даде шанса и прилика да имаат подобро бизнис опкружување што ќе овозможи нивен развој, рече Азески.

Тој направи паралела меѓу Чучер-Сандево и Истра каде, како што информира, ќе се реализираат дел од предвидените активности.

-Стопанската комора ќе се обиде да помогне и во протокот на информациите, а понатаму локалните заедници заедно со бизнисот ќе го продолжат тој процес. Ќе почнеме со активностите околу фондовите на ЕУ на 24 ноември во Охрид, а во текот на наредната недела, на 13-ти, ќе бидеме гости на Општина Зелениково. Би биле задоволни ако две-три од иницијативите што ги најавив, почнат да се реализираат до крајот на годината и доколку на крајот на 2027 година видиме една општина со видозименет простор кој има подобро место и за живеење и за работа, потенцира Азески.