Реклама

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Прилози

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Стабилизација на компанијата, финансиска дисциплина, инвестиции, модернизација и обнова на возниот парк,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стабилизација на компанијата, финансиска дисциплина, инвестиции, модернизација и обнова на возниот парк, со фокус на зголемување на товарниот сообраќај по коридорот 10 и враќање на домашната индустрија на железницата, за надминување на многуте слабости – Раководството на Железница транспорт подготвено го дочека извештајот на Државниот завод за ревизија за периодот во кој компанијата ја управуваше минатата власт. Повеќето од наследеното како хаос сега се решава. Едно по едно велат дека се поправаат и се отстрануваат сериозните наследени предизвици – милионските загуби и критичната состојба со возниот парк. За две години, обезбедена е стабилност, обновен е дел од возниот парк, а трошењата се многу поефикасни.

Каква била наследената состојба, отсликува извештајот за 2024 кога од 62 локомотиви, во функција тогаш биле само 9, од 16 патнички гарнитури употребливи биле само 5, а од 47 вагони, само два биле способни за редовен сообраќај.

Во  2024 година остварена била загуба од 5 милиони и 400 илјади евра, а вкупната пренесена загуба достигнала  109 милиони.  Ревизорите утврдиле и небезбедно ракување со нафта, застарена опрема и пумпи за гориво кои со години не се баждарени, заробени залихи во резервни делови од 5 ипол милиони евра. МЖ Транспорт има и проблеми со имотот. Компанијата нема имотни листови за голем дел од зградите и сообраќајните објекти.

Реклама

Дополнителен товар се судските спорови, а сликата за состојбата во компанијата се финализира и со тогашното утврдено недомаќинско работење, како нерационална потрошувачка на вода од над 5,4 милиони денари и услуги без важечки договори. Сето ова води до јасни предупредувања од ревизорите, дека раководството во периодот на минатата власт сериозно ја загрозило ефикасноста, редовноста и безбедноста на железничкиот сообраќај.

Од страна на генералниот директор на МЖ Транспорт, на 2ри ноември годинава до Државниот завод за ревизија доставиле информација со конкретни активности за надминување на овие состојби. Во периодот што следи, ќе мора да се спроведат новите мерки и акциски планови, за компанијата целосно да застане на нозе по долгогодишниот колапс.