Квалитетни и безбедни лекови и нивна постојана достапност ќе донесе новиот Закон за лекови. Со ова ќе се реши проблемот за недостаток на многу видови терапија со што години наназад се соочуват и онколошките пациенти и пацинетите со ретки болести. Законот ќе биде конретно само за лековите а во наредната фаза ќе се одвои од него и Законот за фармацевтска или аптекарска дејност. Промените ќе се прават низ процес на консултации со сите засегнати и надлежни страни.
– Со овој закон сакавме да постигнеме две клучни цели. Прво да одговориме на клучното прашање за пацинетите да имаат лекови кои ќе бидат навремено достапни и тие лекови да бидат квалитетни и безбедни за употреба и да бидат достапни сите неопходни информации за тие лекови. Од тука посебно внимание во законot е предвидено за пријавување за дефектури односнонедостаток на лекови и предвидување на резервни планови или план Б што во случај да се јави привременаили трајна недостаток на одреден лек– истакна министерот Сашо Клековски.
Клековски додава дека вториот критериум на овој Закон е тоа што ќе се одговара кривично за фалсификување на лекови по усогласувањето на Законот со европската регулатива. И од Светската здравствена организација велат дека најважната придобивка од законот е тоа што пацинетите ќе имаат безбедни и достапни лекови
Тонски-Аким Али-претставник на СЗО во Скопе
-Важно е да се земе предвид овој закон како закон кој што има заштитна функција, меѓутоа и закон кој што овозмоѓува достапност на лековите. Многу ми се допаѓатоа што во рамките на самиот закон имаможност колку често ќе се ажурира листата на лекови која што сама по себе имаогромновлијание врз фармацевтскиот систем. Влијание како што кажав лековите да бидат безедни достапни и вистински–истакна Аким Али претставник на СЗО.
Инаку овој закон изминативе години беше одлаган неколку пати. Надлежните најавија дека во иднина заедно со Фондот за здравство ќе ги планираат финансиите за навремено спороведување на тендерите , за да се надмине вакум просторот за недостигот на лекови за пацинетите. По сите забелешки Законот ќе влезе со Владина процедура.

