Во пресрет на претстојните новогодишни празници, Градот Скопје ги поканува сите деца и млади на возраст до 18 години од Скопје да ги испратат своите искрени новогодишни желби, стои во соопштението на Град Скопје.
Конкурсот „Скопје ги слуша детските желби“ почнува од утре (5 ноември) и ќе трае до 1 декември 2026 година.
За учество на конкурсот, во прилог со новогодишната желба, потребно е да се наведат името и презимето на детето и неговата возраст, како и името и презимето на родителот и информација за контакт (меил адреса и телефонски број на родителот). Потребно е да се прикачи и потпишана Согласност, која е достапна на линкот https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/konkursi/.
Детските новогодишни желби заедно со потпишаната Согласност треба да се испратат на меил адресата [email protected].
Испратените детски новогодишни желби ќе бидат официјален дел од новогодишните содржини во градот во пресрет на Новата 2027 година, ќе внесат позитивна енергија и ќе ја збогатат празничната магија.

