Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михаилова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање посебна комисија, која ќе го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање посебна комисија, која ќе го разгледува случајот со Ива Михајлова, а во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство. Ова следува по првичниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, при што биле опфатени повеќе здравствени установи.

– Завршивме со првичниот инспекциски надзор од ДСЗИ. Опфатени се повеќе болници, освен Клиниката за неврологија и болниците во Кочани, Штип и уште една здравствена установа. Деновиве ќе формирам комисија, а поради сензитивноста на случајот, ќе барам експерти надвор од земјата да направат ревизија на случајот – рече Клековски по средбата со новинарите на која ги презентираше реализираните активности и стратешките приоритети во изминатите три месеци.

Посочи дека целокупната документација веќе е прибрана и дека претстои нејзина детална обработка. Со формирањето на комисијата и вклучувањето странски експерти, Министерството најавува дополнителна проверка на медицинската документација и постапувањето на здравствените установи вклучени во случајот.

Реклама