Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Прилози

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Македонското здравство  полека се опоравува.  Силна инфузија со  100 амбулантни возила, по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското здравство  полека се опоравува.  Силна инфузија со  100 амбулантни возила, по 10 години конечно е обновена позитивната лита на лекови, обезбедената терапија за мулиплекс склероза, новиот закон на лекови со кој се воведува ред за достапна и квалитетна терапија без сомнежи за фалсификат,  се само дел од реализираните проекти за 100 дена од мандатот на  министерот Клековски. Тој  најавува уште побрзо темпо на  реформите во здравствениот систем. 

-Во зачетокот се суштинските работи во регионализацијата, онаму каде што треба многу повеќе да направиме се радиодијагностиката, онкологијата, Клиничкиот центар Мајка Тереза и секако реобмислување на концептот за долгорочна нега. Дигитализацијата е прашање кое ги допира сите овие теми. Без дигитализација нема зголемување на продуктивноста во здравствениот сектор–вели министерот Клековски.

Здравството забрзано се дигитализира за да се намали корупцијата и одењето и чекањето по шалтери ,а секој лекар ќе има увид за  состојбата на секој пациент. Особено ова ќе им биде од голема помош на онколошките пациенти, кои за брзо време ќе можат да ја примаат терапијата и во други градови, наместо да патуваат во Скопје. Се работи и на добивање брза радиодијагностика.

Реклама

-Работиме со Раководствата  во тие установи да тоа биде решено час поскоро. Надвор од тоа што ќе биде во следните три месеци, работиме на регистрација на одобрување на дејности во неколку болници надвор од Клинката и реобмислување на радиотерапијата и како е направена радиотрапијата. Децентрализацијата на терапијата за три месеци барем во две болници треба да започне  ако се убедиме и во третата болница надвор од Скопје да започне–додава Клековски.

Во иднина фокусот ќе биде ставен на изградбата на новите  клинички болници во Штип и Тетово, и  новиот  Клинички центар во Скопје.