Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Прилози

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

За Бугарија единствено решение на спорот со Македонија би било воопшто да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За Бугарија единствено решение на спорот со Македонија би било воопшто да не постојат Македонци пред 45-та, да не постои македонско малцинство и да признаеме дека Македнците историски биле Бугари, смета првиот човек на ОМО Илинден Пирин и нов надворешен член на МАНУ, Стојко Стојков. Според него со вавките ставови на официјална Софија тешко е да се дојде до било каков договор меѓу двете страни.

-Нивната позиција е дека Македонците отсекогаш биле Бугари и може да бидат само Бугари, јазикот e бугарски, културата е бугарска, се е бугарско. Тие јасно изразија, тоа неколку претседатели на нивната држава по ред, дека Македонија може да влезе во Европа, но не и македонизмот, т.е. не идејата дека сме македонска нација. Така да позицијата е многу јасна и чиста, би можеле ако бидеме чесни, а не користиме половини дефиниции, да ја наречеме геноцидна, бидејќи она што сакаат тие едноставно,  снемувањето на македонизмот како што тие го викаат, да ги снема сите потпори на македонскиот идентитет, и Македонците да престанат да постојат како нација, туку да се бугаризираат, изјави Стојков.

Новата претседателка на Бугарија, Илијана Јотова најави дека е можно решавање на прашањата со ОМО Илинден Пирин. Стојков вели дека такво нешто е невозможно во моментов, бидејќи она што го сакаат Бугарите е случаите да се затворат без имплементација на пресудите кои Македонците ги добиле пред судот во Стразбур.

Реклама

-Македонците никогаш да немаат своја организација, да не можат на никој начин да се интегрираат во општеството, да се покажат пред општеството, да се покажат рамноправно во општествената дејност. Тоа е нивното разбирање за решавање, решавање е Македонците да ги нема, тие така го гледаат и македонското прашање, решението меѓу Македонија и Бугарија е Македонците да ги снема. Проблемот е што ние постоиме, тоа е проблемот, ние никогаш не сме и направиле ништо на Бугарија, ниту сме се обиделе да црпиме територии, едно џебно ножче не сме искорстиле никој пат и сепак сме етикетирани како терористи, како сепаратисти, како непријатели на државата, изјави Стојков.

Според Стојков единствено решение некогаш да се најде решение на споровите со Бугарија е властите во Македонија да не прават повеќе безпринципиелни компромиси, бидејќи со тоа ќе ја обесхрабри политиката на најрадикалните делови од опшстеството. Инаку, професор доктор, Стојко Стојков денеска го одржа своето пристапно предавање, како член на МАНУ, надвор од работниот состав, на тема  „Идентитетот во средниот век: Македонија во Балканскиот и империјалниот контекст“.

Матеја Петровски