Реклама

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Македонија

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

– Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК), преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК), преку Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност, учествувало во меѓународна координирана операција за разбивање транснационална криминална мрежа, инволвирана во организирани инвестициски измами преку интернет.

Државното Јавно обвинителство  информира дека операцијата била спроведена со поддршка и координација на Европол и Европравда и во неа учествувале надлежни органи од Германија, Кипар, Финска, Албанија, Израел, Косово и Македонија.

-Како резултат на координираните активности, во различни земји се уапсени седум осомничени лица, извршени се претреси на 17 локации и запленети се повеќе од 100 сервери, како и други електронски докази и средства поврзани со криминалните активности. Според досегашните сознанија, утврдената финансиска штета надминува четири милиони евра, а потенцијални жртви се идентификувани во најмалку 50 држави, соопшти ЈОРСМ за меѓународната координирана акција.