-Северна Рајна-Вестфалија е еден од нашите значајни политички и економски партнери во Германија. Многубројни компании од покраината веќе инвестираат во нашата држава, а целта е добрите односи да ги претвораме во нови економски можности и конкретни проекти. Ова го истакнува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во објава на „Фејсбук“ по средбата на македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски со премиерот на покраината, Хендрик Вуст.
Целата објава може да ја погледнете на следниот линк:

