Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ФЗОМ ги засилува контролите – ќе проверува дали на пациентите им се наплаќа за бесплатни услуги

Фондот за здравствено осигурување ги засилува контролите во здравствените установи со кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фондот за здравствено осигурување ги засилува контролите во здравствените установи со кои има склучено договор. Ќе проверува дали на пациентите им се наплаќа за бесплатни услуги.

„Фондот потсетува дека за здравствените услуги што се обезбедуваат на негов товар, во здравствените установи со кои има склучено договор, осигурениците немаат обврска да плаќаат дополнителни износи, освен законски утврденото учество – партиципација, доколку за конкретната услуга е предвидено такво учество“, стои во соопштението на Фондот.

Здравствените установи имаат обврска на видно и достапно место да ги истакнат информациите за висината на партиципацијата, а за извршените плаќања да издаваат соодветен законски доказ за наплатата.

Реклама

Доколку при контролите се утврдат неправилности, Фондот ќе преземе соодветни мерки во рамките на своите надлежности.

„Осигурениците кои располагаат со информации за евентуална неоснована наплата на здравствени услуги можат да се обратат до Секторот за контрола на Фондот, при што нивните пријави ќе бидат разгледани со почитување на приватноста и заштитата на личните податоци, согласно законот“, соопштија од Фондот.