А на СДСМ очигледно им треба повеќе време за да се шири страв и паника за Алта банка, наместо итно, уште денеска во Собранието да има надзорна расправа за случајот. Иако владејачкото мнозинство уште вчера побара оваа расправа да се одржи денеска, за што обезбеди и доволно потписи во рамки на надлежната собраниска Комисија за финансирање и буџет, тоа нема да се случи оти претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска, која е од редовите на СДСМ, реши седницата да ја закаже дури за 11 ноември. За ваквата чудна одлука во период кога секој ден е критичен за дејствување, таа се повикува на законските и деловничките обврски за запазување на роковите.
Па така, вели дека пратеничките групи до крајот на работното време денеска требало да предложат сведоци кои ќе бидат повикани и ќе бидат сослушани за време на надзорната расправа за Алта банка. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ побара расправата да се закаже за денеска поради итноста на состојбата со граѓаните врз кои влијаат случувањата во Алта банка. Но, попусто.

