Многу добро оди опоравувањето на оперираните пациенти кои беа повредени во кочанската дискотека. Ова го заклучија лекарите на надзорниот тим од Израел. Тимот лекари од Израел заедно со тимот на лекари од Кочанската болница и Клиниката за пластична хирургија направија во изминативе денови вкупно 16 операции. Операциите главно беа изведени на проблемите и изгорениците на рацете и шаките со цел да се врати нивната функција.
-Гостите пристигнаа во неделата веднашка направија евалуација и проценка на пациентите во општата болница Кочани . 24 пациенти беа евалуирани и прегледани од кои 16 беа оперирани, 6 во Скопје 10 во Кочани-истакна министерот Клековски.
Израелскиот лекарски тим даде позитивна оценка по оперативните зафати бидејќи изгорениците велат се најтешки повреди за третман.
-Од она што го виделе од изминатите денови дека имаат изненадувачки прогрес во однос на тоа како изгледаат нивните лузни постоперативно. Декасеуште имаме дека самите она што го кажа за изгорениците она што значи по дефициција изгореница , дека тоа се најтешки повреди за третман и бараат долгорочно следење и долгорочен третманбидејќи тие лузни се менуваат континуирано–истакна лекарот Мати Харц од медицинскиот центар од Израел
Надлежните инфомираа дека посложените операции биле направени на Клиниката за пластична хирургија.
Трансфер на тетиви за подобрување на функционалноста на шаката . направени беа одредени артродези односно да се закочи зглобот во физиолошка положба и исто така да има подобра функционална и естетски изглед. Беа коригирани доста од хипертрофичните лузни коишто најчесто на шаката ни даваат и недоволна функционалност и целосна функционалност на шаката– истакна директорката Ѓорѓиевска Павлова од Клиниката за пластична хирургија
Селекцијата на надзорот пак на пациентите во Кочани била направена според функционалноста на шаките.
-Она од кадешто тргнавме беше враќање на нивната функционалност бидејќи се многу битен дел за работа и за активности и она што нив има смета во секојдневните активности за да го подобриме– истакна директорката Мирчовска на кочанска болница.
За пациентите следува период на опоравување по што за некои ќе следи физикална терапија, а за некои дополнителни интервенции. Се очекува во наредниов да се направат уште 15-тина операции.

