Реклама

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Економија

Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен, законската регулатива е строга

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и регулиран со најстроги закони –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и регулиран со најстроги закони – истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

– Банкарскиот сектор во Македонија е стабилен и ова не е првпат да го зборувам. Ова е резултат на едно долгогодишно искуство и работење во банкарскиот сектор. Законите во Македонија се најстроги кога станува збор за овој дел или финансискиот систем целокупно, особено би го издвоила банкарскиот. И тука морам да кажам, не само законските регулативи, туку и подзаконските прописи што ги пропишува Народната банка, но исто така и интерните процедури што ги имаат банките се многу строги – рече министерката во гостување на една од националните телевизии.

Таа потенцира дека банкарскиот систем е стабилен, дека состојбата со Алта банка има речиси незначителено учество во целиот банкарски сектор, но легитимна е загриженоста на клиентите.

Реклама

– Ако вие сте клиент на банката во овој момент, нормално е дека сте загрижени затоа што платата не сте ја добиле или пари имате во банката. И сега администрацијата на Народната банка воведува одредени ограничувања и легитимно е правото на граѓаните да бидат загрижени. Но мора да бидеме сигурни во системот, да веруваме во системот и во надлежната институција која веќе работи таму и да веруваме дека состојбата ќе биде под контрола. Дотолку повеќе што ова не е резултат на проблеми што ги имаше банката во Македонија, туку ова е резултат на она што се случува во матичната би рекла компанија, сопственик на банката во Македонија, тоа е банката во Србија. Од таму почнуваат проблемите, така што банката во Македонија доаѓа во состојба да нема сопственик, односно се менуваат ситуациите таму и тука настануваат проблемите – појасни министерката.

Таа порача да оставиме на надлежната институција – Народната банка – да ги спроведува активностите во согласност со подзаконските акти и да ги следиме состојбите.

Според министерката, важно е дека го имаме Фондот за осигурување депозити, преку кој во крајна линија, доколку има потреба, ќе се обесштетат депонентите во банката. Притоа изрази уверување дека до таква ситуација не би требало да дојде.

Во интервјуто се осврна на предлог-буџетот за 2027 година, во кој, како што истакна, најпрвин е предвидено да ги задоволи законските обврски и понатаму да ја има развојната компонента. Исто така, наведе дека вработените во сите институции ќе добијат повисоки плати како резултат на порастот на минималната плата, а во одредени сектори и врз основа на потпишани колективни договори.