Реклама

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Македонија

МЈА: Европската комисија го нотира напредокот, продолжуваме со реформи за професионална и ефикасна администрација

Извештајот на Европската комисија за 2026 година ги нотира преземените чекори во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Извештајот на Европската комисија за 2026 година ги нотира преземените чекори во реформата на јавната администрација и умерениот напредок во поставувањето поцврста институционална и законска основа за нејзино функционирање. Овие оценки се важна потврда за реформската насока кон која сме целосно посветени, но и јасна обврска започнатите промени да продолжат со уште посилна динамика и да донесат поконкретни резултати во функционирањето на институциите.

Европската комисија го нотира зајакнувањето на капацитетите на Министерството за јавна администрација за координација и следење на управувањето со човечките ресурси во јавната администрација.

Ова е резултат на системски пристап кон реформата, кој во изминатиот период донесе конкретни законски и институционални промени, преку усвојувањето на новите закони за административните службеници и вработените во јавниот сектор во 2025 година и Законот за високите раководители во 2026 година. Овие законски решенија се темел за воспоставување професионален и одговорен систем, во кој стручноста, заслугите и компетентноста ќе бидат водечки принципи при изборот, напредувањето и раководењето во јавната администрација. 

Реклама

Особено значаен чекор во оваа насока е воспоставувањето на Академијата за јавна администрација, како еден од клучните столбови на реформата и долгорочната професионализација на јавниот сектор. Нејзината улога ќе биде суштинска во создавањето нова генерација административни службеници, преку систем на континуирана едукација, специјализирани обуки и развој на компетенции засновани врз европските стандарди и современите практики на јавно управување. 

Во извештајот посебно е препознаена улогата на Советот за реформа на јавната администрација како клучен механизам за обезбедување политичко лидерство, континуирана поддршка и стратешки надзор над реформскиот процес. Неговата улога е од суштинско значење за одржување на реформскиот континуитет, утврдување на приоритетите и координирано спроведување на реформите на највисоко институционално ниво.

Особено важен столб на реформата е унапредувањето на проценката на влијанието на регулативата (ПВР), како инструмент за суштинско подобрување на процесот на подготовка и донесување закони и креирање јавни политики. Европската комисија го нотира усвојувањето на новата методологија во јуни 2025 година, со која се воспоставува поцврста основа за систематска и поконзистентна анализа на влијанието на законите.

Како дел од унапредувањето на системот за управување со човечките ресурси, се нотира и надградбата на Информацискиот систем за управување со човечките ресурси (ИСУЧР), кој има за цел обезбедување на поефикасно управување со кадровските процеси и претставува основа за подобра евиденција, координација и управување со вработените во јавниот сектор.

Министерството за јавна администрација останува посветено кон реализација на реформската агенда, а во насока на трансформацијата на јавната администрација во модерен, професионален и ефикасен систем, усогласен со европските стандарди. Нашиот фокус е градење институции со капацитет, интегритет и одговорност, кои ќе обезбедуваат квалитетни услуги за граѓаните, ќе ги намалуваат административните бариери за бизнисите и ќе придонесуваат кон функционална, конкурентна и европска држава.