Реклама

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Економија

ЖРСМ Инфраструктура: Работиме на надминување на проблемите наследени од недомаќинското работење во минатото

ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје презема серија активности во насока на надминување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје презема серија активности во насока на надминување на состојбите и спроведување на дадените препораки во извештајот на Државниот завод за ревизија за 2024 година, при што потенцира дека наодите од ревизијата се однесуваат на посочената година и оти опфаќаат повеќе сегменти од работењето на претпријатието, меѓу кои управувањето со имотот, реализацијата на инфраструктурните проекти, финансиското и материјалното работење, како и организациските и кадровските прашања.

– Добар дел од утврдените состојби се долгогодишни, а некои од нив се наталожувале со децении. Особено станува збор за имотноправни прашања, кадровски предизвици и административни постапки, чие надминување бара континуирана работа, стручен кадар, време и соработка со надлежните институции. Јавното претпријатие веќе презема конкретни активности за нивно решавање и останува целосно посветено на изнаоѓање трајни и одржливи решенија. За поголем дел од утврдените состојби веќе се донесени акти, почнати се постапки или се постигнати резултати што може да се потврдат со документација – нагласуваат од претпријатието.

Во делот на управувањето со имотот, додаваат од таму, интензивирани се постапките за негово евидентирање и правно уредување, изготвен е најголемиот дел од потребната геодетска документација, а пред надлежните институции се поведени постапки за запишување на железничките објекти и земјиштето под пруга.

Реклама

– Во материјалното и финансиското работење донесени се нови процедури за управување со резервите, усвоени се нови сметководствени политики и воспоставени се дополнителни механизми за контрола. Воедно, дел од резервите, кои потекнуваат од деведесеттите години, е ставен во функција преку нивно користење при одржувањето на железничката инфраструктура – соопштуваат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје.

Во соопштението се додава дека во реализацијата на инфраструктурните проекти, особено на Коридорот 8, на железничката делница Бељаковце – Крива Паланка, по преземените активности за надминување дел од техничките и проектантските прашања, забележано е значително зголемување на обемот и динамиката на градежните активности.

Вкупниот физички напредок на проектот достигнал 45 проценти и веќе во 2026 година се бележи рекорден месечен напредок со над 2 отсто месечна реализација и ангажирани над 650 лица од страна на изведувачот.

– Паралелно се работи на обезбедување кадровска стабилност имајќи ги предвид специфичните потреби на железничкиот систем и обврската за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Донесен е и петгодишен план за одржување на железничката инфраструктура, со кој се создава основа за предвидливо планирање и организирање на активностите за одржување – велат од прептријатието.

Некои од отворените прашања, додаваат од таму, сè уште бараат дополнителна работа и време за нивно целосно надминување. Сепак, досега преземените мерки и постигнатите резултати претставуваат значаен чекор напред и ја потврдуваат нашата определба почнатите процеси да се доведат до крај.

– Нашата цел е овие долгогодишни прашања да се решаваат системски и одговорно, а напредокот да се потврдува преку конкретни и мерливи резултати, што ќе придонесат за трајно подобрување на работењето на претпријатието. ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје и во наредниот период продолжува посветено и интензивно да работи на спроведување на препораките на Државниот завод за ревизија. Притоа приоритет останува обезбедувањето непречено и безбедно функционирање на железничката инфраструктура, со одговорно користење на расположливите ресурси и ефикасно управување со јавните средства, а во интерес на граѓаните и понатамошниот развој на железничкиот систем – се нагласува во соопштението.