Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

КСЗД: Жените не се под ничиј надзор – еднаквоста и достоинството не се предмет на преговори

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација изразува сериозна загриженост и ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација изразува сериозна загриженост и ги осудува јавните ставови, особено оние изнесени од јавни личности, со кои се промовира стереотипно сфаќање на улогата на жената во општеството и се релативизира насилството во партнерските и семејните односи.

Во продолжение реакцијата на Комисијата во целост:

Нарушените односи во семејството не може и не смее да бидат причина или оправдување за насилство. Односите меѓу брачните другари се засноваат врз рамноправност, меѓусебно почитување и заемно помагање, а не врз односи на надреденост, контрола или подреденост. Ова јасно произлегува од член 6 од Законот за семејството.

Реклама

Ваквите пораки поттикнуваат и зацврстуваат родови стереотипи, според кои жената е во подредена положба, а мажот има право да одлучува, да ја контролира и да управува со нејзиниот живот. Жената не е личност чија слобода, достоинство и животни избори зависат од дозволата или надзорот на сопругот, партнерот или кое било друго лице. Бракот, ниту повикувањето на традиционалните вредности, не може да бидат оправдување за контрола, понижување или насилство.

Комисијата, во рамките на својот законски мандат, посветува особено внимание на спречувањето и заштитата од сексизам, мизогинија и родови стереотипи. Овие појави не треба да се третираат исклучиво како индивидуални ставови или лични мислења. Нивното повторување и засилување во јавниот и во медиумскиот простор може да придонесе за нормализирање на дискриминаторските практики и одржување на нееднаквите односи на моќ.

Родовите стереотипи се манифестираат преку јазикот, сликите, коментарите, шегите, навредливите квалификации и јавните наративи со кои жената се претставува како помалку вредна, помалку компетентна или општествено неисполнета доколку не се вклопува во традиционално наметнатите улоги на сопруга, мајка или негувателка. Особено загрижува фактот што во дигиталната средина ваквите пораки бргу се шират, повторуваат и засилуваат, допирајќи до широк круг луѓе.

Комисијата нагласува дека родовите стереотипи не се само изолирани предрасуди или индивидуални ставови. Кога се вградени и репродуцирани преку општествените норми, семејните и институционалните практики, медиумите, образованието, пазарот на трудот и јавните политики, тие стануваат структурни двигатели на дискриминацијата. На тој начин се одржуваат нееднаквите односи на моќ и се ограничува остварувањето на фактичката еднаквост на жените. Овој пристап е во согласност со трансформативното разбирање на родовата еднаквост утврдено во Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW) и релевантните општи препораки на Комитетот на CEDAW.

Иако слободата на изразување ја штити и провокативната јавна дебата, таа не е апсолутно право. Кога изразувањето поврзано со полот или родот има цел или последица повреда на достоинството на лицето и создавање понижувачка, непријателска или навредлива средина, може да се постави прашањето за постоење вознемирување во согласност со Законот за спречувањето и заштитата од дискриминација.

Комисијата ги повикува јавните личности, носителите на јавни функции, медиумите и сите учесници во јавната комуникација да покажат одговорност и недвосмислено да се спротивстават на сексизмот, мизогинијата и секој обид за оправдување или релативизирање на родово заснованото насилство.

Потребна е суштинска промена на општествените перцепции и напуштање на традиционалните сфаќања за жената како подредена и зависна од туѓа волја. Жената е рамноправна личност со право на слободен избор, личен интегритет, достоинство и целосно учество во сите сфери на општествениот живот.

Еднаквоста не е прашање на нечие одобрување, а достоинството на жената не е предмет на ничија контрола.