Реклама

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Македонија

Собраниска „виза“ за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој

Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство одлучи предлогот на закон за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство одлучи предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој во прво читање да ја продолжи собраниската процедура за негово донесување.

Предложените измени на законот обезбедуваат правна сигурност, вледеење на правото и модерно електронско управување, и за спроведување на законот не се потребни дополнителни финансиски средства, посочија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, предлагачи на измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој.

– Во законското решение се уредува планирањето на земјоделството и риралниот развој, директните плаќања во земјоделството и руралниот развој и уредувањето на земјоделските пазари. Доволно е во овој контекст да се спомнат целите на националната аграрна политика, а тоа е да се обезбеди квалитетна храна по пристапни цени за сите наши граѓани, да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се обезбеди стабилен доход за земјоделските производители, одржлив развој на руралните средини и искористување на сите потенцијали во нашата држава и притоа да се заштити животната средина и природата, истакна пратеникот Златко Пенков, член на комисијата.

Реклама

Според Љупчо Николовски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во предложениот текст има технички грешки и недоследности кои ќе треба да ги корегира законодавно правната комисија.

– Суштина на самата измена во законот и сега треба да се направи е основ за ограничување на исплата на субвенции, односно максималниот износ на субвенции по корисник. Тоа е суштината на законот за што е потребно дополнително образложение, нагласи пратеникот Николовски.

Предлогот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој во прво читање продолжува во следна собраниска фаза на која се очекуваат амандмани за подобрување на текстот на законот, заклучија членовите на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.