Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

Скопскиот филмски фестивал со нова концепција и програма

Петчлено меѓународно жири, во кое се и двајца наши филмски професионалци, ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петчлено меѓународно жири, во кое се и двајца наши филмски професионалци, ќе одлучи за наградите во натпреварувачката програма на 26. Скопски филмски фестивал, кој беше отворен синоќа во Македонскиот народен театар.

Фестивалот денеска ги претстави членовите на жирито – британскиот филмски продуцент Стив Абот, кој, покрај богатата кариера, останува запаметен и како менаџер и продуцент на култната комичарска група „Монти Пајтон“; Даниела Вебер, филмска селекторка и организаторка на Берлинскиот филмски фестивал, актерката и продуцентка Лабина Митевска, српскиот режисер и сценарист Павле Вучковиќ и нашиот филмски и телевизиски режисер и сценарист Даријан Пејовски.

За филмовите во конкуренција ќе бидат доделени нааградата „Скополија“ – за најдобар филм во компетиција; награда „Скопје“ – за најдобра режија; Специјално признание за најдобар филм во компетиција и Специјална награда од млади синеасти. 

Реклама

Фестивалот ќе се одржува до 9 ноември. Почна вчера со проекција на филмот „Идиоти“ на полските режисери Малгоржата Шумовска и Михал Енглерт на кои, на свеченото отворање, им беше врачена новата фестивалска награда – почесната „Златна скополија“, за исклучителен придонес во светската кинематографија.

СФФ соопшти дека годинава носи модернизиран концепт, збогатена програма и  поголемо меѓународно присуство.  Фестивалот, кој е основан во 1998, се трансформира со цел, како што велат од тимот – осовременување на неговата појавност и програмска структура. Се зголемува и бројот на интернационални учесници, автори кои лично ќе и ги претстават своите остварувања пред публиката, а тимот и фестивалскиот одбор вклучуваат познати професионалци од Европа и светот.

Како што најави, во деновите што следуваат Скопскиот филм фестивал ќе понуди исклучително богата и разновидна филмска програма исполнета со премиери на истакнати авторски остварувања, фестивалски фаворити, динамични филмски разговори и ексклузивни мастерклас сесии со гости предавачи кои ќе се одржуваат во Фестивалскиот центар во Младинскиот културен центар,  а проекциите се во Македонскиот народен театар и во киното „Фросина“ во МКЦ.

Во официјалната натпреварувачка програма,  со наслов „Дијалози“, се осум филма: „Тинејџерски секс и смрт во кампот Мијазма“, „Спирала“, „Изабел“, „Нема рај ако ти убие жена“, „Отфрлен“, „Чувство на дом“, „Мизерна мајка“ и „Тивки ноќи“.

Фестивалот во понеделник ќе биде затворен со филмот „Електричен бакнеж“, кој е во програмата надвор од конкуренција, и со краткометражни остварувања и селекција на Европската филмска академија. Во рамки на програмата надвор од конкуренција ќе бидат прикажани и „Фјорд“ и „17“,  а во програмата со наслов „А1 кинотека“ ќе бидат филмови од српската кинематографија.