Актуелниот Организациски секретар на СДСM, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се срeќавал во неговата вила во Грција, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Организацискиот секретар на СДСM, Трифуновски вели дека Зоран Заев бил еден од пријателите што му помогнал додека беше во бегство, за што и му е многу благодарен.
Трифуновски е човек кој, првично, е осуден на казна затвор за прободување на поранешен директор на охридски Водовод, според јавно достапните информации, поради претходно нерасчистени сметки поврзани со тендер.
Истиот овој Трифуновски кој сега е награден со висока партиска позиција во СДСM, со доаѓањето на партијата на власт Заев и неговите полуги во судско обвинителскиот систем е ослободен од обвинение.
И ова не е се, откако го ослободија од кривична одговорност за тешкото обвинение, во 2023 година владата на СДСM го назначува за директор на МЖ Инфраструктура.
Со вакви контроверзни кадри, лица со криминални досиеја, под директна команда и лица кои го воспеваат Заев, СДСM и Венко Филипче сакаат да им се понудат на македонските граѓани како нови лица во македонската политика.
Затоа и се таму каде што се, на маргините и дното на политичката сцена, со слаб рејтинг на прагот на статистичка грешка, трета партија во државата, петта во градот Скопје и со голема недоверба од граѓаните.

