Реклама

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Македонија

Германската влада продолжува со поддршка на КИФ

Бранко Азески в.д. претседател на Коморскиот Инвестицискиот форум (КИФ) на шесте земји…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бранко Азески в.д. претседател на Коморскиот Инвестицискиот форум (КИФ) на шесте земји од Западен Балкан, доби известување преку Сојузното министерство за економска соработка (одделение за Југоисточна Европа), дека Владата на Сојузна Република Германија го поддржува Регионалниот фонд за предизвици со дополнителни 3,5 милиони евра и ја задолжува Германската банка за развој (KFW) за спроведување на активноста која ќе биде зокружена со склучување на договор за финансирање, информира Стопанската комора на Македонија.

Досега Владата на СР Германија како наш долгогодишен партнер го подржа Фондот преку четири отворени регионални повици за што Фондот има распределено вкупно 83,4 милиони евра за поддршка на 126 проекти во регионот изминатите пет години.

Прв повик – 14,38 милиони евра доделени гранта за 37 конзорциуми

Реклама

Втор повик – 12,2 милиони евра доделени гранта за 27 конзорциуми

Трет повик – 7,29 милиони евра доделени гранта за 16 конзорциуми

Четврти повик – 12,6 милиони евра доделени гранта за 38 конзорциуми

Процесот на креирање и реализација до целосна финализација, на еден ваков проект е иницијатива на Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан, кој во центар на случувањата ги има Коморите кои одиграа клучна улога во процесот на стручното образование, бидејќи учењето преку работа претставува договор и доверба помеѓу: работодавачите – кои ги поставуваат сегашните и идни потреби од работна сила, коморите – кои треба да изнајдат начин како да излезат во пресрет на работодавачите и образовните институции – да оспособуваат квалитетни и стручни кадри.

Регионалниот фонд за предизвици е основан на иницијатива на Министерството за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија (BMZ), финансиран од Германската банка за развој (KFW), а го спроведува Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, како главен партнер за имплементација

Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) има за цел да ја зголеми конкурентноста на претпријатијата во Западен Балкан 6, преку финансирање инвестиции во опрема и инфраструктура за проекти за дуално и стручно образование изработени во партнерство на установи за стручно образование и претпријатија. Грантовите се доделуваат по пат на конкурентен регионален предизвик.

Во рамки на проектот, Македонија, вкупно преку сите четири гранта обезбеди поддршка за 17 конзорциуми и тоа за 12 стручни училишта, 5 факултети и 88 компании/организации, во вкупен износ од 7,63 милиони евра