Реклама

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Прилози

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Педесетина прилепски пензионери и корисници на социјална помош, клиенти на Алта банка,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Педесетина прилепски пензионери и корисници на социјална помош, клиенти на Алта банка, утринава со автобуси организирано заминаа во Битола за да си ги подигнат своите пари. Велат, задоволни се од овој потег на Народната банка за што поскоро да си ги земат пензиите и социјалната помош. Но, имаше и такви кои негодуваа зошто не биле отворени шалтерите и на прилепската филијала на банката, бидејќи некои од нив биле и премногу стари и изнемоштени за да патуваат. А речиси сите информацијата за оваа можност ја чуле од медиумите.

Освен прилепските клиенти, денеска во Битола допатуваа и граѓаните од Охрид и Ресен, кои според распоредот, а со цел да не се прават гужви и нервози, беа распоредени на растојание од еден час. Сите автобуси од Битола тргнуваа назад за Прилеп, Охрид и Ресен, откако и последниот граѓанин беше услужен на банкарските шалтери, кои и денеска работеа двосменски.

Обидите на Народната банка да стави ред во хаосот што се предизвика со затворањето на српската Алта банка, а најмногу подгреан од македонската опозиција со ширењето на бројните дезинформации, не завршија само со организирањето превоз за пензионерите и корисниците на социјална помош. Гувернерот Трајко Славески вчера најави и други олеснувања на условите за располагање со средствата на клиентите на Алта банка.

Реклама

Имено, од почетокот на наредната недела ќе бидат отворени и шалтерите во експозитурите во Тетово и Струмица, каде што граѓаните што немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. А од 9 ноември се зголемува и неделниот лимит од сегашните 10.000 на 15.000 денари за подигање готовина и плаќање на продажните места со платежните картички на Алта банка.

Исто така, сите нови идни приливи од плати, пензии и социјални трансфери што доаѓаат од институции или фирми кои имаат сметки во други банки, граѓаните ќе можат да ги повлечат во целост, без ограничување на износот. Заради тоа, клиентите на Алта банка немаат потреба да отвораат нови сметки во други банки, бидејќи и сега можат да располагаат во целост со пристигнатите приливи во Алта банка, било преку платежна картичка или со подигање готовина, уверуваат од Народната банка.