СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против Ѓ.Н. (37) од Радовиш, осомничен за сторено кривично дело „загрозување лица под меѓународна заштита“.
Како што информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен, на 4 ноември 2026 пријавениот телефонски се јавил во амбасада на странска држава во земјава и на странски јазик упатил сериозни закани кон вработените, загрозувајќи ја нивната сигурност.
Настанот бил пријавен во МВР наредниот ден, 5 ноември 2026, по што полициски службеници го пронашле и лишиле од слобода Ѓ.Н. Во службен разговор тој го признал делото.
-По поднесената пријава, а врз основа на предлог на јавен обвинител, судија од Основниот суд Струмица донел решение за негово упатување на психијатриско посматрање во соодветна здравствена установа, соопшти МВР.

