Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Прилози

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

Дваесетгодишните темелни истражувања на Археолошкиот локалитет „Старо Бонче“, во непосредна близина на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дваесетгодишните темелни истражувања на Археолошкиот локалитет „Старо Бонче“, во непосредна близина на Прилеп, потврдуваат дека токму тука се наоѓал еден од четирите големи градови на Кралството Пелагонија, по кој науката трага повеќе од два века. Станува збор за збир од околу 20 локалитети кои се распространети на просторот помеѓу селата Подмол и Бонче, односно т.н. антички град Пелагонија.

„Градот Прилеп има еден Голем град, ние претпоставуваме дека тоа е градот Пелагонија. Тоа е четвртиот главен град кога доаѓаат Римјаните тука и кога ја делат Македонија на четири дела, четири мериди. Една од тие мериди се наоѓа во Македонија, тоа е Пелагонија и тука е Кралството Пелагонија. Така што ние мислиме дека токму на овој локалитет се наоѓа античкиот град Пелагонија, по кој науката трага повеќе од 200 години“, објаснува проф. Антонио Јакимовски, археолог.

Со цел поголема јавност на овие импозантни археолошки откритија, кои се од огромно значење и за светската археолошко-историска научна мисла, деновиве е издадена монографијата „Археолошки комплекс Старо Бонче“, во авторство на реномираните археолози Антонио Јакимовски, Виктор Лилчиќ – Адамс и Душко Темелкоски.

Реклама

„Идејата е сето ова, освен што ќе го имаме во книга, да може и да се види. Освен што се полнат витрините, туку и на терен да се појде, да се види ова грандиозно дело и другите локалитети“, потенцира проф. Јакимовски.

Оваа идеја ја поддржуваат и од ЛС Прилеп. Очекувањата се дека во иднина од овие локалитети ќе може да се направи и атрактивна туристичка дестинација.

„Нашата цел е Старо Бонче да го добие местото што го заслужува, да прерасне во препознатлива културно-туристичка атракција, значајна не само за Прилеп и Македонија, туку и пошироко. Место кое ќе привлекува посетители, ќе поттикнува нови истражувања, ќе ја збогатува туристичката понуда и ќе ја раскажува нашата приказна пред светот“, велат од Општина Прилеп.

Инаку, на овој локалитет досега се откриени монументалната кралска гробница од 4–3 век п.н.е., бронзени македонски штитови, акрополата и утврдувањето на врвот „Висока“, разни некрополи, како и средновековни погребувања.