Реклама

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Македонија

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој ги поврзува Аеродром и Гази Баба,  наскоро ќе биде ставен во функција, посочувајќи дека веќе се асфалтираат пристапните улици и се финализираат активностите за негово поврзување со сообраќајната мрежа.

-Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција – зборот е збор! Ветив дека во мојот четиригодишен мандат ќе го ставиме во функција. Но само за неполна година го одглавивме проектот и веќе ги асфалтираме пристапните улици со што ќе се стави во функција – напиша Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук.

Тој истакна дека претходно бил решен процесот на експропријација потребен за изградба на пристапите до мостот, што, како што наведува, со години бил блокиран.

Реклама

-Мостот што граѓаните го нарекуваа „мост за ловење риба“, конечно ќе ја добие својата вистинска намена. Претходно, го решивме процесот на експропријација неопходен за пристапите, заглавен од претходните раководства, ја ослободивме трасата и сега работиме за мостот наскоро да ги поврзе двете соседни општини. Со тоа ќе овозможиме полесно движење, пократки патувања и растоварување на сообраќајот – посочи скопскиот градоначалник.

Ѓорѓиевски додаде дека паралелно се работи и на експропријација на преостанатиот дел од булеварот до неговото целосно завршување.

-Нашата обврска е да го довршиме проектот во целост. Дадениот збор пред мојот народ го исполнуваме со работа, чесно и посветено. Со решавање на проблемите и со резултати што се гледаат – наведе тој.

Како што нагласува Ѓорѓиевски, реализацијата на проектот ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете соседни општини и подобрување на сообраќајната инфраструктура во главниот град.  

Видеото може да го погледнете на следниот линк: