Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Дванаесет милиони денари долгови, од кои пет милиони за режиски трошоци, неплатени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дванаесет милиони денари долгови, од кои пет милиони за режиски трошоци, неплатени сметки, исклучена струја и недостиг од основен административен кадар. Ова е финансиската и кадровската состојба во која новата директорка Милена Стојаноска го затекнала охридскиот студентски дом „Никола Карев“. Две години, вели, институцијата функционирала стихијно, без услови за нормално и законско работење.

„Домот го затекнав во премногу тешка финансиска и кадровска состојба. Можам да кажам дека буквално се чувствувам како пилот на авион без две крила. Финансиската состојба во секој смисол е лоша. Неисплатени плати, долгови на економски оператори, на режиски трошоци. Кадровски немаме основни, значи административни работници во смисла на правник, јавни набавки кои се клучни за тековно работење законско. Неисплатените плати се две во моментов, веќе третата. Проблемот не се само парите, туку и здравственото и придонесите“, вели Милена Стојаноска, директорка на студентскиот дом „Никола Карев“ – Охрид.

Во оваа финансиска неизвесност се 14-те вработени, пред чии очи домот пропаѓал. За дел од нив, платата е единствениот извор на егзистенција, а неисплатените примања и непокриените придонеси дополнително го отежнуваат секојдневието.

Реклама

„Јас едноставно би сакала само да се реши тоа прашање, значи за нас вработените, и да бидеме редовни со плата, ништо друго“, вели Билјана Наумоска, вработена во студентскиот дом.

Поради реконструкцијата на домот, студентите се сместени на пет километри од градот, во одморалиштето на МВР. Во моментов има 86 студенти, 30 помалку од лани. Излезот од ваквата состојба се очекува преку институционална поддршка и целосна реконструкција на домот, која треба да започне до крајот на годинава.

Од Министерството за образование информираат дека во тек е ревизија на работењето на претходниот директор. Најавуваат дека по префрлањето на средствата од студентската партиципација ќе бидат исплатени и заостанатите две плати, чија исплата доцни заради натрупаните долгови и потрошените средства во претходниот период.