Реклама

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Македонија

Светскиот шампион Марко Џорлев: Каратето е прекрасен спорт кој учи на дисциплина, на меѓусебна почит и нè прави подобри личности

-Петнаесетгодишниот Марко Џорлев член на Карате клубот (КК) Штип и на Македонската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Петнаесетгодишниот Марко Џорлев член на Карате клубот (КК) Штип и на Македонската карате репрезенатација се искачи на пиедесталот на Светското карате првенство за кадети, јуниори и натпреварувачи до 21 година, кое се одржа минатиот месец во Бјелско-Бјала во Полска.

Штип градот каде што живее, тренерира и се радува на неговите европски и светски успеси. Годинава општината му ја додели наградата 8 Ноември, највисокото општинско признание, кое се доделува на секои пет години. Наградата порано денеска му беше врачена на свечена седница на Советот на општината од градоначалникот Иван Јорданов.

Марко открива дека искачувањето на светскиот пиедестал со освојувањето на златниот медел и интонирањето на македонската химна се резултат на контиунираниот тренинг на тартанот.

Реклама

-Јас тренирам карате од пет и пол години и многу го сакам овој спорт. Моите успеси започнаа во 2024 година, кога освоив златен медал на Балканско првенство за деца во Истанбул во Турција и станав балкански шампион. Потоа, наредната 2025 година, летото, само што навршив 14 години, бев на Светската младинска карате лига, која што се одржува секоја година во Пореч во Хрватска. Таму годинава го освоив златото во кадетска конкуренција – вели Џорлев.

Годинава во јули по освениот златен медал на Светската младинска лига, тој е на првото место на светската ранг-листа. Македонскиот шампион во карате, кој направи историски успех вели дека покрај тренинзите заедно со неговите тренери Сашко и Жарко Арсовски пред секој натпревар ги анализираат и противниците. 

-Пред големи турнири се подготвуваме двапати дневно, тренираме секој ден. Јас исто така самиот анализирам борби, противници, гледам каде се грешките на противниците, се подготвувам психички, бидејќи тоа е за мене многу важен дел, можеби и најважен, покрај физичката спремност. Со континуитет во работата, си доаѓаат успесите – вели Џорлев.  

​Светскиот шампион во карате, Марко Џорлев е средношколец во Гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип вели дека каратето го учи на дисциплина и ред. Има време за тренинзи, но и за учење и социјален живот со другарите.

​-Наоѓам време за учење, за дружење и излегување со пријателите. Но, за сето тоа потребна е добра организација на времето, бидејќи секојдневно сум на тренинзи, а имам и обврски со училиштето. Така што веќе имам научено како добро да се организирам. Каратето е прекрасен спорт и нè учи на дисциплина, што е многу важно, а нè учи и на меѓусебна почит и нè прави подобри личности – вели Џорлев за спортот кој потекнува од Јапонија.

Тој посочува дека и неговите соученици, другари спортуваат, но поголем дел од нив рекреативно. ​Овој млад спортист, кој на Македонија и донесе историски успех во каратето досега има освоено над 50 медали. Најголемата поддршка му се тренерите Жарко и Сашко Арсовски, како и неговите родители. 

-Мојата најголема поддршка е моето семејство, пред сè, тука се мајка ми и татко ми и мојата баба. Имам максимална поддршка од нив. Тие се мојата најголема поддршка, мотивација. Ме следат секаде, каде и да одам најчесто и тие доаѓаат со мене на трибините, да ме бодрат. Тука се и моите тренери како голема поддршка, а поддршка имам и од Општината и од градоначалникот веќе две години-кажа Џорлев.

Општина Штип на 20 октомври достоинствено го пречека светскиот шампион во карате за кадети, јуниори, а по повод Денот на ослободувањето му ја додели и највисоката награда 8 Ноември, која на секоја петта година се врачува на поединци за исклучителен придонес за афирмација на општина Штип.