Реклама

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Македонија

Врачени наградите 8 Ноември: Мисија на нашата генерација е да продолжиме да го градиме нашиот Штип, порача градоначалникот Јорданов

Градоначалникот Иван Јорданов на денешната свечена седница на Советот на општина Штип…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот Иван Јорданов на денешната свечена седница на Советот на општина Штип ги врачи признанијата и наградите на овогодинешните добитници по повод 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Штип. 

Наградата 8 Ноември ја доби Марко Џорлев македонскиот карате репрезентативец во кадетска конкуренција кој го освои златниот медал на Светското првенство во Полска, а основачот и долгогодишен директор на фестивалот „Макфест“ Стојан Троицки беше награден за животно дело.

Општински признанија за својот труд и придонес за Штип им беа доделени и на Дора Милева, на Доброволното противпожарно друштво, на групата „Гердан“, на Тони Манев и на Игор Илиевски.

Реклама

-Нашата мисија е да го продолжиме патот на изградба и напредок. Интензивно работиме на инфраструктурата, асфалтирање на улици, обновување на водоводна, канализациона мрежа, изградба на нови паркови, мостови, вложување во спортот, културата, образованието. Но сето тоа нема да има смисла ако не е во служба на граѓаните. Затоа денес 82 години подоцна нашата должност како генерација е да продолжиме да го градиме нашиот град Штип, со иста љубов и решителност што ја имале тие, што ни ја подарија слободата. Денес кога ги оддаваме признанијата, сакам искрено да им честитам на оние што со својата работа, креативнсот, посветеност, оставиле белег на нашиот град – рече Јорданов.

Светскиот шампион  во карате Џорлев пред медиумите не го криеше своето задоволство и кажа дека оваа награда му е огромна чест и мотив за понатаму. 

-Благодарам на општина Штип и на градоначалникот Иван Јорданов за укажаната чест. Ова е за мене многу голема чест, бидејќи имам само 15 години, а веќе станав светски шампион, а да се добие оваа најпрестижна општинска награда е навистина многу голема чест. Да бидам искрен, за наградата дознав од фејсбук кога беше објавена информацијата. Прво многу се израдував, а потоа се изненадив и се запрашав дали јас токму на 15 години ја заслужувам наградата. Таа за мене е поттик и мотив да продолжам уште посилно и, со Господ напред, да ја израдувам Македонија и градот Штип-рече Џорлев.

Троицки истакна дека се чувствува убаво бидејќи, вели, со ова признание градот конечно му се оддолжува за сиот негов труд и маки низ годините посветени на фестивалот „Макфест“ кој годинава одбележа 41 година од основањето.

-Се чувствувам добро што еве градот на еден начин ми се одолжува. Беше многу голема работа, труд, патувања, маки, разговори, караници. Но, сега кога гледам  на тоа како пензионер ми доаѓа убаво. Идејата за Макфест дојде спонтано, како притисок на креативните потенцијали во Македонија, бидејќи не постоеја фестивали, Скопскиот фестивал беше згаснат – изјави Троицки. 

Благодарност за признанијата изразија и останатите добитници, кои порачаа дека наградите од својот град за нив имаат посебно значење и се големо признание за нивниот труд.