Новата скијачка лента на Пониква е целосно монтирана и ставена во функција, со што скијалиштето на кочанскиот зимско – рекреативен центар, добива нова содржина во пресрет на претстојната зимска сезона.

Од страна на концесионерот „Ски Надја“ информираат дека монтажата била завршена за четири дена, по интензивна работа и ангажман на екипите.
Оттаму посочуваат дека поставувањето на новата скијачка лента претставува значаен чекор во унапредување на условите за зимски спортови и туристичката понуда на Пониква.

