Реклама

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Македонија

Клековски: Системот за рано предупредување за дроги ќе овозможи побрза заштита на здравјето на граѓаните

– Министерството за здравство во рамки на Реформската агенда 2024-2027 спроведува две…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерството за здравство во рамки на Реформската агенда 2024-2027 спроведува две клучни мерки поврзани со политиката за дроги и усогласувањето со законодавството на Европската Унија, соопшти денеска министерот за здравство, Сашо Клековски во објава на Фејсбук.

Тој информира дека денеска учествувал на координативниот состанок за Реформската агенда, при што биле разгледани активностите на Министерството за здравство во оваа област.

– Формирана е работна група за усогласување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции со законодавството на ЕУ, а во тек е и склучување работен аранжман со Агенцијата на ЕУ за дроги (EUDA) – наведе Клековски.

Реклама

Како што нагласува министерот за здравство, Европската комисија го одобрила барањето за ТАИЕКС експертска мисија за подготовка на Национална стратегија за дроги усогласена со Стратегијата на ЕУ за дроги.

-Мисијата ќе опфати зајакнување на Националната опсерваторија за дроги, воспоставување на системот за рано предупредување и известување кон EUDA – посочи министерот.

Клековски потенцира дека вториот чекор од Реформската агенда, кој е предвиден за следната година, се однесува на усогласување на листата на психоактивни супстанции со ЕУ и воведување дефиниција за „нова психоактивна супстанција“ во законодавството.

-Ова не се само административни обврски. Функционален систем за рано предупредување значи навремено да откриеме нови опасни супстанции и побрзо да реагираме за заштита на здравјето на граѓаните – нагласува министерот за здравство Клековски.