Реклама

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Прилози

Европската комисија го потврди одличниот напредок во дигиталната трансформација на државата

Од  „ограничен напредок“ во периодот од 2021 до 2024 година,преку „одреден напредок“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од  „ограничен напредок“ во периодот од 2021 до 2024 година,преку „одреден напредок“ во 2025 година,  до добар напредок. Ова се нотира во најновиот извештај   на Европската комисија  за работата на Министерството за дигитална трансформација. Министерот Стефан Андоновски, денеска се осврна на резулатите  постигнати во пет области. Фокусот го стави на приклучувањето на уште 20 институции  во системот за Електронско управување со документи , што треба да се спроведе во наредните три месеци .

-Со ЕДМС работиме на целиот тек на предметот прием, распределување, постапување, потпишување и електронско архивирање. За раководителот значи јасен увид каде се наоѓа предметот, за вработениот работата му е поорганизирана а за граѓанинот побрзо постапување поголема одговорност и следливост. Нашата цел е електронското работење да стане секојдневна практика во администрацијата и затоа и проширувањето на документ менаџмент системот останува наш приоритет. Од тука денес можам да најавам нови 20 институции на платформата во наредните три месеци-истакна министерот Андоновски.

Инаку петте области кои се нотирани во извештајот се електронските услуги, размената на податоци меѓу институциите , електронското управување со документи, сајбер безбедноста која е многу важна во заштитата на податоците при што се вложени стручни капацитети од стана на Владата. Во врска со петтата област – вештачката интелигенција и проектот „Везилка“,  Андоновскки додава дека ЕК во поглавјето Иновации го издвојува  како проект што ја поврзува Македонија со европскот екосистем. Во овој проект  вложени се   преку 90 милоиони денари и  капацитети, поврзување и можности за апликација на ВИ во јавната администрација.

Реклама

–За нас ова е можност што треба да ја претвориме во практична корист. Сакаме македонските истражувачи, студенти, компании, да добијат повеќе можности да развиваат и примемнуваат решенија со вештачка интелигенција. Сакаме и малите компании да може да ја користат технологијата за подобри производи, поголема продуктивност и пристап до нови пазари. Талент имаме. Нашата задача е да создадеме услови тој талент да работи, да истражува и да создава тука, во Македонија. Затоа Везилка има посебно место во нашето место за дигиталниот развој–истакна министерот Андоновски.

Министерот ја нагласи и важноста на  апликацијата „м.Услуги“, која исто така е опфатена во извештајот со најава дека ќе продолжат со  нејзино подобрување  од досегашните забелешки на корисниците. Инаку според податоците од извештајот  до крајот на август на националниот портал биле достапни дури 338 услуги од кои дел се електронски. 

 Андоновски додава дека  оценката од Извештајот  на Европската комисија е многу важна потврда за  големите заеднички  заложби со Владата. Искуството на граѓаните од секојдневието ќе биде нивна мисија во иднина да  се обезбеди што помалку одење по шалтери, побрзи постапки, побезбедни услуги и повеќе можности за нашите компании и младите луѓе.