Кочанскиот суд не и дозволи на Ива Михаилова да го претвори судењето во циркуз. Одбиено е да се вклучува он лајн како медиумска ѕвезда преку видео бим и така да ги слуша доказите, судијата одлучи да и се суди во отсуство. Таа веќе стана дел од бугарската шема преку ширење антимакедонска пропаганда. Само ден откако гостуваше во бугарски поткаст и не штедеше зборови за да ја нападне земјата во која е родена, таа наводно повторно заминала на болничко лекување. Тоа го тврди нејзиниот адвокат. И тој како нејзин правен застапник не се појави на рочиштето во Кочани, туку изјава даде за медиумите во Бугарија.
-Она што се случува во моментов со мојата клиентка е дека по 12-дневен престој во болницата „Пирогов“ и еднонеделна рехабилитација, лекарите што ја лекуваат процениле дека таа повторно треба да биде хоспитализирана. Во моментов се наоѓа во Окружната болница, каде што продолжува нејзиното лекување. Има повреди на ’рбетниот столб, за кои лекарите процениле дека треба да се консултираат и со свои колеги, пред да донесат одлука каква интервенција точно ќе биде извршена кај Ива, изјави Николај Димитров.
Димитров кој гостуваше во поткастот заедно со неговата клиентка, во стилот на Красимир Каракачанов и Костадин Костадин Костадинов, ја етикетираше Македонија како држава чии граѓани се „зомбифицирани“. Ива Михаилова пак без трошка совест без воопшто да го спомене името на жртвата од сообраќајната несреќа за која е обвинета, реши да се жали за наводна дискриманација. Велејќи дека незаконски ја држеле во државава, изнесе целосно неверојатни обвинувања, дека наводно ќе била ослободена ако се кажела дека е Србинка, а не Бугарка.
-Обвинителот лично ми кажа, ако беше Србинка на поразличен начин ќе стоеја нештата. -Тоа почнува да личи на расизам, сериозно ли е тоа, ти кажа обвинителот… Навистина и на мене и на мајка ми. –Слушнаа ли и други луѓе така? Ако беше Србинка што ќе беше? Ќе пуштеа, немаше да ме задржат една година и четири дена, кажа Ива Михаилова.
Инаку Ива Михаилова е обвинета за сообраќајна несреќа во која животот го загуби 33 годишниот Бесим Дурмиши од скопското село Љуботен, додека неколку лица поминаа со повреди. Денеска во судот во Кочани продолжи судскиот процес, а со своите вешти наоди ги презентираа вештаци предложени од одбраната. Тие тврдат дека двата автомобили се судриле во лентата каде што се движел автомобилот управуван од Михаилова и на тој начин се обидуваат дека докажат дека таа не е виновна. Јавното обвинителство пак побара дополнително вештачење на медицинската документација, со цел да се утврди здравствената состојба на обвинетата и оправданоста на нејзиното лекување надвор од државата.
Матеја Петровски

