Студенсткиот ваучер, нема да обезбеди само оброк, туку се разгледува можноста ако нешто од парите останат, да можат да се трошат понатаму и да се користат во други маркети и разни ланци на продваници. Таму би можело студентите да добијат допоплнителни привилегии и попусти. Премиерот Мицкоски најави владата работи на проширување на постојната мерка за субвенции на стидентите, а целта е тие поддршката да ја почувствуваат и во секојдневниот живот.
- „Ние веќе работиме во Владата на тоа, во рамките на она за коешто зборував, да можат студентите да ги користат овие привилегии не само за студентски оброк, туку и онаа сума, оној волумен којшто ќе биде одобрен на месечно ниво да го продолжат и понатаму да го користат во ланците за дополнителни попусти, дополнителни привилегии“ рече Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.
Премиерот не прецизираше во кои маркети би важеле поволностите, колкави би биле попустите и кога би започнала нивната примена. Оваа најавата и до-објаснување од Мицкоски следи откакко минатата недела претставникот на Форумот за образовни промени, Бленди Ходаи, поднесе тужба против Министерството за образование и наука обвинувајќи го за непочитување на законските одредби за субвенционирање на студентскиот оброк. Но тој настапи и со јавните навреди и критики насочени кон премиерот и министерката за образование и наука. На што Мицкоски остро реплицираше.
- „Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран бидејќи на тој начин да се навредуваат како што тој го направи редовни професори, бидејќи и министерката за образование и јас како претседател на Владата сме сепак редовни професори и генерации, генерации студенти сме помогнале да се стекнат со знаење кое што понатаму би им требало во животот за нив и нивните семејства, во најмала рака е непристојно. Јас жалам што тој не беше на оној состанок каде што беа легитимните претставници на студентските движења за кои што разговараме за студентскиот оброк“ изјави Мицкоски.
Инаку Владата откако стапи на власт се фокусираше да инвестира во студентите и образовниот стандард. Се реконструираат повеќе студентски домови низ државата, најавени се нови универзитетски кампуси, а претходно Владата им додели на студентите ваучери за да можат да си купат електронски уред за време на студиите.

