Растот на македонската економија и стабилната инфлација даваат добра насока за развој на македонското стопанство, велат бизнисмените. За стопанствениците, зголемените инвестиции од страна на Владата во инфраструктурните проекти дополнети со низата мерки за стабилизирање на ценовните шокови, како и силната поддршка на стопанството го даваат поскуваниот резултат.
„Се покажа дека тие предлози од бизнис заедницата и активностите на Владата за намалување на акцизите, регулација на ДДВ, особено во енергенсите, не придонесоа до зголемување на трошоци понатаму во целокупната производствена и потрошувачка економија. Можеби е на товар на буџетот и на расходите, и на изнаоѓањето на начин н апокривањето на расходите, но меѓутоа не некој начин не ги обезвреднува примањата и парите кои се вклучуваат во економијата“, вели Миле Бошков, Претседател на Конфедерацијата на Македонија.
Економијата во вториот квартал порасна за над 4 проценти, додека пак инфлацијата на годишно ниво во окомври изнесува 3,3 проценти. За стопанствениците е важно да продолжат инвестициите во капиталните проекти, но и да продолжи поддршката кон микро, малите и средни претпријатија.
„Можеби треба да се размислува за уште поголем раст поддржувајќи ја економијата, особено малите и средни претпријатија низ разни механизми, а исто така и трошење на што повеќе пари во јавни капитално расходи. Тука би можеле да покажеме и раст на БДП и исто така економска активност насочена кон македонската економија и граѓани и останатите мерки треба да бидат насочени исклучиво кон македонско производство и ништо повеќе, додаде Бошков.
За бизнис секторот и последниот ребаланс на буџетот за оваа година останува посветен на растот и развојот на македонската економија. Очекуваат трендот да продолжи и годината да заврши поред планираното. Раст од 3,6%. Што е очекување на Владата и меѓународните финансиски институции.

