Реклама

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Македонија

Од денеска до четврток АХВ ќе спроведе симулациска вежба за болеста шап и лигавка

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Бугарската агенција за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) и Европската комисија за контрола на шап и лигавка (EuFMD), од денеска до четврток, 12 ноември,  спроведува заедничка симулациска вежба за болеста шап и лигавка. Целта на вежбата е проверка и унапредување на подготвеноста на надлежните ветеринарни служби на двете земји за навремено откривање, пријавување и ефикасно справување со евентуална појава на оваа заразна болест кај животните, како и зајакнување на прекуграничната соработка, координацијата и размената на информации.

Ккао што информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство, тридневната вежба се реализира преку комбинирани активности кои опфаќаат видеоконференциски, кабинетски и практичен теренски дел.

– Денеска во Скопје и Софија, преку видеоконференциска врска и кабинетски вежби, учесниците работат на симулирани сценарија за појава на болеста, со акцент на постапувањето на надлежните институции, размената на информации и координација на мерките за нејзино спречување и контрола. Утре, во регионот на Струмица ќе се одржи практичниот, теренски дел од вежбата каде во симулирани услови, учесниците ќе спроведат активности за правилна употреба на лична заштитна опрема, спроведување на клинички преглед на животните и проценка на староста на карактеристичните лезии, земање и пакување примероци за лабораториско испитување, како и епидемиолошко истражување. Ќе се провери и примената на биосигурносните мерки при постапување на терен – информираат од АХВ.

Реклама

Оттаму додаваат дека во четврток ќе се одржи завршна сесија на која ќе бидат презентирани прелиминарните резултати и согледувањата од претходно спроведените активности. Преку заедничка анализа и дискусија ќе се оценат подготвеноста, координацијата и оперативните капацитети на ветеринарните служби, а ќе бидат разгледани и можностите за понатамошно унапредување на постапките за справување со болеста.

– Шап и лигавка е исклучително заразна вирусна болест која ги зафаќа домашните и дивите чапункари, особено говедата, овците, козите и свињите. Болеста може да предизвика сериозни економски загуби во сточарството и ограничувања во трговијата со животни и производи од животинско потекло. Со организирањето на вакви симулациски вежби се зајакнуваат капацитетите за брза и координирана реакција при евентуална појава на заразни болести кај животните, што е од особено значење за заштитата на здравјето на животните, домашното сточарско производство и регионалната ветеринарна безбедност – велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Активностите кои ќе се спроведуваат од денес до четврток, нагласуваат од АХВ, се во рамки на симулациска вежба, односно не станува збор за вистинска појава на болеста шап и лигавка. Поради овие причини ги известуваат граѓаните и сточарите дека нема причина за загриженост поради спроведувањето на вежбата.