Реклама

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Македонија

Националниот форум за младинска работа се одржува во Охрид

Претставници на младински организации, институции, општини и други чинители во областа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставници на младински организации, институции, општини и други чинители во областа на младинските политики ќе учествуваат на Националниот форум за младинска работа, што од денеска се одржува во Охрид.

Форумот се одржува во Младинскиот центар во Охрид и претставува национална платформа за поврзување на организациите и институциите што работат со младите и креираат или спроведуваат младински политики, со цел размена на искуства и идеи, споделување добри практики и унапредување на соработката во оваа област.

Програмата на Форумот предвидува панел-дискусии, работилници, презентации и интерактивни сесии посветени на различни аспекти на младинската работа.

Реклама

Официјалното отворање на Форумот е предвидено за утре, со обраќања на претставници на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Општина Охрид и Коалицијата на младински организации СЕГА, како организатор на настанот.

Во рамки на Форумот ќе биде доделена и националната награда „Младински пријателски град“, со која ќе бидат наградени осум општини, по една од секој плански регион, за постигнатиот напредок во спроведувањето на обврските и стандардите предвидени со Законот за младинско учество и младински политики.