Реклама

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

Прилози

Сметководители бараат поедноставни сметководстсвени правила за микро и малите компании во земјава

Мала фирма, големи обврски. Најмалите бизниси во државава се соочуваат со сложени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мала фирма, големи обврски. Најмалите бизниси во државава се соочуваат со сложени сметководствени правила и административни процедури. Од Институтот на сметководители бараат промена на системот – помалите фирми да имаат и помали обврски. Околу 80 проценти од компаниите во Македонија се микро и мали претпријатија и токму тие се во фокусот на ваквата иницијатива.

„Некаде околу 80% имаме мали и микро фирми. Затоа целта е да видиме дали постои правна, економска и стопанска опправданост за реално да им се помогне на овие компании. Сакаме да кажеме дека на сметководителите со намалување на административнит товар ќе им остане повеќе простор за подобри финансиски анализи, подобри советувања и подобрување на процесите во носењето на одлуките.“, изјави Весна Прентоска, претседател на Институтот на сметководители на Македонија.

За најмалите претпријатија се предлага посебен сметководствен стандард, со пократки и поедноставни правила и помал обем на финансиски извештаи. Се предлага и различен степен на проверка на извештаите, во зависност од големината на фирмата. Покрај административото олеснување, пред сметководителите е и предизикот на дигитализацијата. Вештачката интелигенција и новите дигитални алатки отвораат можности за побрзо и поефикасно работење, но нивната примена зависи и од подготвеноста на самите компании.

Реклама

„Во време на дигитализација, најолем предизвик е вештачката интелигенциа и  користењетто на дигиталните алатки. За сметководителите тоа да го искористат, треба компаниите да се спремни да го припремат. Малите компании најчесто користат аутсорс сметководствени услуги и тоа е еден вид на партнерство кое треба заеднички да се гради.“, вели Прентоска.

За да се претворат предлозите во конкретни промени, Институтот на сметководители иницира формиррање заедничка работна група со институциите и бизнис-заедницата. Таа треба да утврди кои обврски се неопходни, а кои можат да се поедностават. Засега станува збор за работна рамка, а конечните решенија допрва треба да се усогласат.