Реклама

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Македонија

Претседателот на МД „Илинден“-Тирана се сретна со министерот Агон Ферати во Германија

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, остварил средба со министерот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, остварил средба со министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, во рамки на „Дијалогот Шлезвиг-Холштајн за зајакнување на социјалната кохезија и заштита на правата на малцинствата во Западен Балкан“. Средбата се одржала во Академскиот центар „Санкелмарк“, во Оверзе, германската покраина Шлезвиг-Холштајн.

На средбата биле разменети мислења за можностите за унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка, со посебен акцент на зачувувањето на националниот идентитет, почитувањето на различностите и зајакнувањето на меѓусебното разбирање.

На министерот Ферати му бил подарен примерок од македонскиот весник „Илинден“.

Реклама

Во разговорот било истакнато значењето на отворениот дијалог, меѓусебното почитување и континуираната соработка како важни предуслови за градење општество засновано врз принципите на еднаквост, толеранција и почитување на правата на сите заедници.

Од Македонското друштво „Илинден“-Тирана посочуваат дека средбата претставува можност за продлабочување на комуникацијата и соработката во насока на унапредување на малцинските права и зачувување на националниот и културниот идентитет.