Пет дена кај матичен лекар а за продолжување ќе следи нова документација и специјалистички прегледи. Ова се новите правила за боледување кои ќе стапат на сила од 1 декември. Матичните лекари велат дека тоа не значи практично дека после петтиот ден ќе мора да се вратат на работа, туку дека само ќе мора да се направат дополнителни испитувања кај специјалист доколку здравствената состојба не е подобрена. Појаснуваат дека станува збор само за промена на правилата.
-Над петтиот ден се дава и се упатува пациентот како што беше до сега над седмиот ден ги упатувавме, им дававме упатница во зависност до периодот до 15 ден да направат крвна слика, треба иследувања, треба ЕХО, ЕКГ, најразлични има во новиот правилник сите мозжеме да ги видиме. Во големите градови мислам дека нема да биде проблем, додека во помалите места на пример ЕЕГ не се работи во Велес и сигурно и во уште помали места–вели др. Лилија Чолакова Дервишова претседател на ЗЛПМ
Додаваат дека ресорното министерството ќе мора да направи прераспределување на кадарот, за да може и од помалите градови да имаат пристап до потребните специлијалистички прегледи. Со цел да се разјаснат работите околу новиот правилник матичните лекари заедно со Фондот ќе одржат отворена дебата и работилници за усогласување и појаснување на критериумите пред почетокот на неговата примена.
-Работилницата е да размениме заеднички искуства. Секогаш кога се воведуваат нови нешта заедно матичните доктори се договараме со Фондот кој што е наш партнер за наша соработка и во кој што сите нејаснотии ако некој ги има заради тоа што и дел од матичните доктори се и во комисии за здравство во помалите места, бидејќи тој е човечкиот ресурс кој што постои, така да би сакале да прашаат се во интерес на правилата да расчистиме ако некој има некаква нејаснотија–вели др. Лилија Чолакова Дервишова претседател на ЗЛПМ.
Инаку за боледување за хронични состојби ќе се користат постоечките медицински важечки наоди. За боледување подолго од 60 дена ќе биде потребно заедничко мислење од тројца специјалисти, со исклучок на тешки болести. Со новиот правилник исто така се прошируваат можностите за боледување без физичко присуство на осигуреникот. Ова ќе важи за тешко болни, неподвижни и тешко подвижни пацинети, за луѓе кои се на болничко лекување како и во други оправдани случаи. Од Фондот уверуваат дека целта не е скратување на боледувањата туку само поедноставување на постапката и за лекарите и за пациентите.

