Реклама

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

Македонија

Труд на лекари од Охрид објавен во престижно европско кардиолошко списание

– Научен труд на тим лекари од ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Научен труд на тим лекари од ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ од Охрид е објавен во престижното меѓународно научно списание „European Heart Journal – Case Reports“, што е дел од Европското здружение за кардиологија.

Автор на трудот е д-р Благоја Стефановски, интервентен кардиолог во болницата, а коавтори се д-р Бранка Милачиќ, кардиолог во Одделението за интензивна нега и д-р Елена Коваческа Башуроска, раководителка на одделот.

Трудот обработува редок клинички случај на доцна перфорација на коронарна артерија, проследена со срцева тампонада, која се развила три дена по примарна перкутана коронарна интервенција кај млада пациентка со спонтана дисекција на коронарна артерија и инфаркт на миокардот со СТ-елевација.

Реклама

Од болницата посочуваат дека објавувањето во ова меѓународно списание претставува значајно професионално достигнување и признание за стручната и научноистражувачката работа на авторскиот тим, но и на установата.

Во соопштението се нагласува дека трудот ја истакнува важноста на клиничкото искуство, внимателното следење на пациентите по интервентни кардиолошки процедури и препознавањето на ретки, но потенцијално животозагрозувачки компликации.