Реклама

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

Македонија

Сиљановска-Давкова на Парискиот мировен форум: Од желбите на децата треба да се засрамиме

Денеска, присуствував на отворањето на Парискиот мировен форум, кој почна како што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска, присуствував на отворањето на Парискиот мировен форум, кој почна како што прилега – со деца. Мислам дека од нивните желби сите треба да се засрамиме, некои поради чинењето, а други поради нечинењето – се наведува во објавата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која денеска учествува на деветтото издание на Парискиот мировен форум.

Претседателката присуствуваше на отворањето на Форумот, кој годинава се одржува со наслов „Здружување на силите за она што е најважно“.

– Навистина е чудно да се соочите со порака „Од суверенитет кон соработка“, а децата да раскажуваат за војни, за страдања, за желби. Човештвото е на крстопат – вели Сиљановска-Давкова во објавата.

Реклама

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, која во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Парискиот мировен форум, основан 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.