Реклама

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Македонија

Царината добива електронски пристап до казнената и кривичната евиденција, потпишан договор со Врховниот суд

Царинската управа ќе добие електронски пристап до казнената и кривичната евиденција за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Царинската управа ќе добие електронски пристап до казнената и кривичната евиденција за физички и правни лица, како и до податоците за изречени забрани за вршење дејност и одземена деловна способност. Ова го овозможува договорот за електронска размена на податоци што денеска го потпишаа директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, и претседателот на Врховниот суд, Африм Фидани.

Со договорот се овозможува пристап до податоците од судскиот систем во реално време, без досегашната практика на поднесување хартиени барања за проверки во судските евиденции.

Николовски, како што се наведува во соопштението на Царинската управа, оценил дека електронската размена на податоци ќе придонесе за подобра процена на ризикот при оперативните и истражните дејствија, како и за навремено преземање мерки на претпазливост.

Реклама

-Брзиот пристап до целокупната казнена и кривична евиденција во судскиот систем ќе придонесе за унапредување на проценките за ризик во оперативните и истражните дејствија и преземање навремени мерки за претпазливост. Нема веќе како досега хартиени барања за проверка во евиденцијата на судовите. Сега тоа се овозможува во реално време – изјавил Николовски.

Како втора придобивка од договорот, тој го посочил забрзувањето на постапките за издавање царински одобренија, со што, како што нагласи, се олеснува трговијата и се намалуваат административните процедури.

Според Николовски, пристапот до целосната евиденција од судскиот систем ќе овозможи царински одобренија и привилегии за учество во трговијата да добиваат само економски оператори со проверен деловен и правен интегритет.