Реклама

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

Македонија

Фондацијата „Атанас Близнакоф“ продолжува да инвестира во иднината на младите во Македонија, 770 стипендии и речиси два милиони долари поддршка

Фондацијата „Атанас Близнакоф“ ја пречекува новата генерација стипендисти во рамки на програмата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фондацијата „Атанас Близнакоф“ ја пречекува новата генерација стипендисти во рамки на програмата „Атанас Близнакоф“ стипендии за студентска извонредност, која ја спроведува Македонија 2025. Оваа година 52 студенти од прва година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје добиваат финансиска поддршка за своето високо образование. Тие се приклучуваат кон заедницата млади таленти што се издвојуваат со академски успех, посветеност и потенцијал.

Од 2021 година до денес, Фондацијата има обезбедено 770 годишни стипендии во вкупна вредност од 1.925.000 американски долари. Во академската 2026/2027 година таа истовремено поддржува пет генерации стипендисти, со вкупно 151 стипендија во вредност од 377.500 американски долари. Ова е најголемиот број активни стипендии во една година од почетокот на програмата.

Програмата „Атанас Близнакоф“ стипендии за студентска извонредност се темели на уверувањето дека образованието е една од најзначајните инвестиции во долгорочниот развој на општеството. Особен приоритет при доделувањето на стипендиите имаат студентите од социјално ранливи семејства, за финансиските ограничувања да не бидат пречка за нивното образование.

Реклама

Покрај финансиската поддршка, стипендистите добиваат можности за менторство, развој на практични вештини и професионално вмрежување преку активностите на Македонија 2025. Тие стануваат дел и од заедницата на сегашни и поранешни стипендисти, која поттикнува меѓусебна поддршка и долгорочна соработка. Така влијанието на програмата продолжува и по завршувањето на студиите.

-Особено сме горди што нашата поддршка продолжува да расте и што оваа година достигнуваме рекорден број активни стипендии. Веруваме дека финансиската состојба не треба да го определува образовниот и професионалниот пат на еден млад човек. Нашата цел е младите да веруваат во сопствениот потенцијал и еден ден и самите да создаваат можности за следните генерации- истакнуваат од Фондацијата „Атанас Близнакоф“.

Повеќе информации за новата генерација стипендисти, како и целосната листа на добитници, се достапни достапни на веб-страницата на Македонија2025 .

Фондацијата е основана во 1977 година од Атанас и Славка Близнакоф, а програмата се темели на нивното филантропско наследство. Од 2021 година Македонија2025 е партнер на Фондацијата и ја спроведува стипендиската програма во Македонија. Таа го организира годишниот отворен повик и обезбедува континуирана поддршка за стипендистите.