Реклама

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

Македонија

Тошковски најави мобилни камери и контроли на сообраќајните црни точки во државата

Министерството за внатрешни работи планира да го прошири проектот „Безбеден град“ со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи планира да го прошири проектот „Безбеден град“ со мобилни камери за контрола на брзината, како и со уреди вградени во полициските возила, кои ќе може да регистрираат сообраќајни прекршоци и додека се во движење – најави денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Тој посочи дека досегашните анализи покажале оти поставувањето камери само на однапред утврдени локации нема да има доволно превентивен ефект. Целта е возачите да бидат свесни дека може да бидат откриени доколку ги прекршат сообраќајните правила, без оглед на тоа каде се движат.

Според предлозите на експертите, постојните полициски возила треба да се опремат со камери што ќе ја мерат брзината на возилата во движење. Паралелно, планирана е и набавка на мобилни камери, кои ќе се поставуваат на таканаречените црни точки, односно на локациите на кои најчесто се случуваат сообраќајни несреќи со загинати и тешко повредени лица.

Реклама

Тошковски рече дека ќе се работи на утврдување на сите критични сообраќајни точки во државата, како во урбаните средини така и на магистралните и експресните патишта.

Министерот за внатрешни работи најави и дека системот „Безбеден град“ во првата недела од декември официјално ќе почне да се применува и на подрачјето на СВР Струмица.

Следно на ред е СВР Штип, каде што активностите треба да завршат до крајот на годината. По него, останува уште подрачјето на СВР Битола за чие опфаќање ќе бидат потребни најмногу еден-еден и пол месец.

Тошковски очекува до февруари системот „Безбеден град“ да биде воведен на територијата на цела Македонија.

Осврнувајќи се на критиките за проектот „Безбеден град“, министерот ги повика граѓаните да имаат предвид дека во изминатите 15 години во сообраќајни несреќи животот го загубиле повеќе од 2.000 луѓе.

Тој нагласи дека активностите за зголемување на безбедноста во сообраќајот нема да завршат со поставувањето на камерите, туку ќе продолжат и со други мерки насочени кон спречување на сообраќајните прекршоци и намалување на бројот на несреќи.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: