Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Сиљановска-Давкова: ЕУ треба да го забрза проширувањето и заради сопствената безбедност

Европската Унија треба да го забрза пристапниот процес на земјите од Западен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската Унија треба да го забрза пристапниот процес на земјите од Западен Балкан, не само заради нивните европски аспирации, туку и заради сопствената безбедност и заштита, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во обраќањето на панелот „„Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, одржан денска во рамки на Парискиот мировен форум.

Сиљановска-Давкова учествуваше на панелот заедно со претседателот на Литванија Гитанас Науседа и премиерот на Ерменија Никол Пашинјан, на кој се разговараше за зачувувањето на суверенитетот и справувањето со хибридните закани во современиот свет.

Осврнувајќи се на актуелните глобални околности, претседателката го опиша денешниот свет како период на меѓувреме повикувајќи се на мислата на италијанскиот филозоф Антонио Грамши.

Реклама

– Живееме во нешто што би го нарекла интеррегнум, со зборовите на Грамши. Старото општество е заминато, новото сè уште не се појавило. И, чудовиштата нè опкружуваат, истакна Сиљановска-Давкова.

Таа посочи дека во ерата на вештачката интелигенција и дигитализацијата, заканите се помалку видливи, но имаат голема моќ, па неопходно е институциите да посветат внимание не само на документите, политиките и формалните чекори, туку и на суштинските предизвици.

– И навистина, ние ги мериме чекорите, ги мериме документите, ги мериме политиките, тие не се она што мислам дека е многу, многу важно, особено за ЕУ. И НАТО, навистина, бидејќи сме членки на НАТО, рече Сиљановска-Давкова.

Осврнувајќи се на позицијата на Балканот во актуелните геополитички односи, претседателката оцени дека регионот никогаш не бил политички вакуум и дека историски претставувал простор на кој големите сили ја одмерувале својата моќ.

– Никогаш нема празнина или никогаш нема политички вакуум. Никогаш. Особено, никогаш немало политички вакуум на Балканот. Балканот секогаш бил еден вид лакмус. И големите сили ја мереле својата моќ, за жал, на Балканот, рече Сиљановска-Давкова.

Таа нагласи дека на земјите од регионот не им се потребни само пораки за трпеливост и отпорност, туку и конкретни чекори за нивно побрзо интегрирање во Европската Унија.

Посочи дека земјите од Западен Балкан се тесно поврзани со европската економија, дека Македонија има стратешко партнерство со Обединетото Кралство и дека заедничкото членство во НАТО претставува основа за натамошно зајакнување на соработката.

– Ако сме корисни, ако сме кредибилни, ако сме биле толку многу пати промовирани како одлични тркачи, тогаш во право сме и да го завршиме нашиот пат кон Брисел, истакна претседателката.

Таа направи паралела со драмата „Чекајќи го Годо“ на Семјуел Бекет, посочувајќи дека европскиот пат на земјите од регионот не треба да стане бесконечно чекање.

– Тогаш нема да кажам дека нашиот маратон кон Брисел е како чекањето на Годо. Тој никогаш не доаѓа, но ЕУ мора да дојде не заради нас, туку и заради сопствената заштита. Ние сме пристаништето, порача Сиљановска-Давкова. 

Според неа, заедничкото членство во НАТО и Европската Унија ќе овозможи поголема отпорност и посилна заштита од современите безбедносни и хибридни закани.