Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венециската комисија

Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ, во момент кога Владата, всушност, ја усвои информацијата за потребата од прибавување стручно мислење од Венециската комисија за прашањето на употребата на албанскиот јазик во правосудството, се наведува во партиското соопштение.

Усвојувањето на информација за потребата од стручно мислење не значи дека е донесена конечна одлука, ниту дека е направена каква било промена во законската рамка и начинот на функционирање на правосудниот систем.

Напротив, побараното мислење од Венециската комисија треба да даде стручна и правна основа за понатамошно постапување, со почитување на Уставот, законите, правната сигурност и европските стандарди.

Реклама

Прашањата поврзани со употребата на јазиците, особено во правосудството, се премногу сериозни за да бидат предмет на дневнополитички маркетинг, пред да бидат разгледани сите правни аспекти и да бидат добиени релевантните стручни мислења.

Затоа, наместо предвремено прогласување победи и создавање очекувања кај граѓаните, потребни се одговорност, институционален пристап и почитување на правните процедури.

За ЗНАМ, владеењето на правото, уставноста и еднаквоста пред законите не се предмет на политички пазарења, туку темелни принципи врз кои мора да функционира државата.